🎬Калас: Публиката покажа европска гордост кога го исвирка Венс

Таа додаде дека европската јавност „не слушнала многу убави зборови од Соединетите Американски Држави за Европа“

од Vladimir Zorba
13 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ The Economist

Публиката на Зимските олимписки игри што го исвирка потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, покажа „европска гордост“, изјави денес шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.

„И нашата јавност има гордост, европска гордост. Се гледа“, рече Калас, според Политико.

Таа додаде дека европската јавност „не слушнала многу убави зборови од Соединетите Американски Држави за Европа“.

За време на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри на стадионот Сан Сиро во Милано, Италија, американската делегација беше пречекана со аплауз кога влезе на стадионот, но реакцијата на публиката беше поинаква кога потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, се појави на големото платно, станувајќи и аплаудирајќи им на спортистите кога се слушнаа свирежи од трибините, според порталот Брисел.

Дополнително, израелската делегација беше пречекана со кратки свирежи кога влезе на стадионот.

Венс минатата недела изјави дека европските претставници покажуваат двојни стандарди во начинот на кој се однесуваат кон американските претставници.

„Европејците се толку пријателски настроени приватно и се подготвени да направат многу прилагодувања, а потоа јавно нè напаѓаат и велат: „Нема да соработуваме со Американците. Нема да правиме ништо со Американците. Жал ми е. Се е лажно“, рече Венс.