🎬Уапсен лидерот на Демократската народна партија на Црна Гора, Милан Кнежевиќ

Утрово полицијата влезе на локацијата каде што е планирана изградбата на пречистителната станица за вода во Подгорица, на што се противат жителите на Ботуња

од Vladimir Zorba
23 прегледи Фото: Фејсбук/Милан Кнежевиќ

Полициски службеници го уапсија лидерот на Демократската народна партија на Црна Гора и пратеник Милан Кнежевиќ, објавува подгоричкиот портал „Борба“.

„Им реков дека ќе одам со мојот народ до крај и немам намера да излезам од комбето кое одеднаш се расипа штом влегов. Ќе останам со народот до крај, институционалната Пандора е отворена, а Црна Гора нема да биде иста од денес“, рече Кнежевиќ.

Утрово полицијата влезе на локацијата каде што е планирана изградбата на пречистителната станица за вода во Подгорица, на што се противат жителите на Ботуња.

Вучиќ за апсењето: Секогаш ќе бидам со моите пријатели, ја бранеше волјата на народот

Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на апсењето на лидерот на Демократската народна партија Милан Кнежевиќ во Црна Гора и нагласи дека „ја бранел волјата на народот изразена на референдум“ и дека „во тешки моменти застанал покрај своите пријатели“.

„Денес, лидерот на Демократската народна партија, а уште поважно, лидерот на српскиот народ, Милан Кнежевиќ, беше уапсен во Црна Гора. Тој ја бранеше волјата на народот изразена на референдум. Во тешки моменти, секогаш бев и ќе бидам со моите пријатели. Милан е тоа и горд сум на нашето пријателство и се надевам дека наскоро ќе биде слободен“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот buducnostsrbijeav.