Инфографикот подолу ги рангира земјите според БДП по час работа, односно според продуктивноста на трудот. Податоците се земени од Меѓународната организација на трудот, заклучно со 2023 година.
Ја покажува продуктивноста на трудот, односно колку БДП (бруто домашниот производ) се произведува по час работа во секоја земја. Тоа е мерка за економските перформанси и ефикасноста на трудот, а не за вистинската часовна заработка на работниците. Продуктивноста на трудот може да биде поврзана со високи плати, но тоа не е исто како и саатниците. Текстот се фокусира на тоа колку секоја земја генерира економска вредност по одработен час, што зависи од индустриите, технологијата и други фактори, но не ги прикажува платите.
Продуктивноста на трудот ја мери количината на аутпут (БДП) произведен по единица труд (часови на работа) во даден временски период.
Се мери во меѓународни долари (Int$), хипотетичка валута што се користи за споредување на куповната моќ на различни земји, приспособувајќи се за разликите во цените. Ова помага во проценката на БДП во однос на влезот на трудот и дава увид во ефикасноста на човечкиот капитал и квалитетот на производството.
На долг рок, зголемувањето на продуктивноста е клучно за економскиот раст.