Автомобилскиот сектор во Македонија бележи стабилен раст во 2024 година, со зголемување на приходите, добивките и бројот на вработени во повеќето водечки компании, велат податоците од Бизнис Мрежа.
Анализата на финансиските резултати покажува дека неколку компании се издвојуваат како најпрофитабилни во индустријата, демонстрирајќи финансиска сила, ефикасно управување и пазарна конкурентност, пишува Бизнис Инфо.
Најголема автомобилска компанија според приходите и во 2024 година останува Порше Македонија, со остварени приходи од 6,17 милијарди денари, што претставува зголемување од речиси 9% во однос на 2023 година. Компанијата ја заврши минатата година со добивка од 350,3 милиони денари, со 103 вработени. Годината претходно имала 103 вработени, 5,69 милијарди денари приходи и добивка од 248.501.387 денари.
Целата анализа прчитајте ја на следниот линк!