📷 Додека светот „гори“ за нејзиниот развод, Ана запали на „Инстаграм“: Ги покажа долгите нозе во кратко здолниште

од Љубиша Владимиров
368 прегледи

„Минатиот викенд“, напиша поранешната тенисерка Ана Ивановиќ во својата најнова објава на социјалните мрежи. Но, покрај нејзината насмевка и блескав изглед, вниманието на јавноста го привлече еден значаен детаљ – на фотографиите недостигаат нејзините добро познати веренички и венчални прстени.

И покрај тоа што личи како да поминува низ тежок период, Ана изгледа одлично и зрачи со позитивна енергија. Таа неодамна настапи на егзибициски тениски натпревар во Женева – нејзиниот прв по пензионирањето – што уште еднаш покажа дека сè уште има страст кон спортот.

Според најновите информации што ги пренесуваат германските медиуми, Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, наводно веќе се наоѓаат во процес на развод во Швајцарија. Нивните адвокати, според истите извори, активно работат на тоа правната постапка да заврши што е можно побрзо и без скандали. Љубовната приказна на Ана и Бастијан започна во 2014 година, на Отвореното првенство на САД.

Две години подоцна, во 2016, тие имаа романтична венчавка во Венеција. Во текот на деветгодишниот брак, станаа родители на три деца – Лука, Леон и Тео. Иако официјална потврда сè уште нема, отсуството на прстените и новите информации од странските медиуми го поттикнуваат прашањето – дали ова е крајот на една од најубавите спортски љубовни приказни?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Слични содржини