Втората полуфинална вечер на Евровизискиот натпревар во Базел привлече големо внимание, особено поради облеката на водителката Хејзел Бругер. Хејзел Бругер, швајцарско-американската комичарка, поетеса и водителка, заедно со својата колешка Сандра Студер, ја отворија вечерта и го најавија натпреварот на 16 земји кои се борат за место во финалето.
Сепак, дел од гледачите повторно ја критикуваа облеката на Хејзел, оценувајќи ја како необична и несоодветна за ваква голема и официјална манифестација. Иако Хејзел е позната по својот нестандарден хумор и уникатен стил, овој пат нејзиниот пристап не наиде на широко одобрување од публиката.
Реакциите на социјалните мрежи се поделени, но доминираа негативните коментари, особено поради необичните гестови и трикови со јазикот што ги направи пред камерата. Овие моменти предизвикаа изненадување, па дури и потсмев и незадоволство кај голем дел од гледачите.