📷 „Готово е! Нови слики го откриваат вистинскиот однос меѓу Швајнштајгер и водителката!“

од Марта Пешевска
75 прегледи

По месеци на гласини и шпекулации, поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер конечно беше забележан во јавноста со ТВ-водителката Естер Седлачек. Новите фотографии што се појавија денеска го покажуваат парот заедно – по првпат откако се проширија вестите дека тие се поврзани и приватно, а не само професионално.

Она што дополнително привлече внимание е трудничкиот стомак на Естер, кој сега е видливо изразен, но и сериозниот израз на лицата на двајцата. За разлика од претходните нивни заеднички појавувања каде изгледаа блиски и насмеани, овој пат атмосферата беше значително понапната.

Двајцата моментално работат како спортски коментатори и беа дел од преносот на натпреварот од Лигата на нации помеѓу Шпанија и Франција во Штутгарт. Нивното појавување во јавност доаѓа токму на денот кога германските медиуми објавија фотографии од Швајнштајгер со друга жена, што повторно ги разгоре шпекулациите за неговиот приватен живот.

Според информации од германските таблоиди, уште во април почнаа озборувања дека Бастијан и неговата сопруга, српската тенисерка Ана Ивановиќ, се на работ на развод по девет години брак. Во целиот скандал подоцна се вклучи и името на Седлачек, која во моментов е бремена, а идентитетот на таткото сè уште не е потврден.

Дополнителна конфузија донесоа и нивните објави на социјалните мрежи. Естер сподели фотографии со Бастијан од заедничко скијање, токму на денот кога Ана објави фотографии од стадион заедно со него. Интересно е што и покрај шпекулациите, Швајнштајгер сè уште ја следи Ана на социјалните мрежи, што остава простор за нови прашања.

Иако никој од вклучените сè уште нема излезено со официјална потврда за новата врска или за разводот, јавноста внимателно го следи секој нивен потег.

Слични содржини