📷 Мама со стил: Маргот Роби во природно издание на плажа

од Љубиша Владимиров
151 прегледи

Актерката Маргот Роби беше фотографирана додека се релаксираше на плажа во родната Австралија, а нејзината фит фигура привлече внимание само неколку месеци по породувањето. Ѕвездата на „Барби“ беше фотографирана во дводелен костим за капење во пастелно сина боја, додека шеташе по плажата. Таа го комплетираше овој едноставен плажен изглед со златна огрлица на која пишува „мама“.

Актерката беше без шминка, во опуштено издание, а на плажата со неа беше и нејзиниот сопруг, Том Акерли. Двојката беше забележана вчера за време на семејна прошетка за Велигден, со нивниот новороден син. Да потсетиме, „Дејли Мејл“ откри дека актерката се породила во октомври 2024 година. На почетокот, Роби ја криела својата бременост, а за тоа време постојано работела на нови проекти.

Маргот и Том се запознале во 2013 година на снимањето на филмот „Suite Française“, каде што тој работел како помошник режисер. Прво биле добри пријатели, а потоа се родила љубовта.

„Бев заљубена во него од самиот почеток, но мислев дека никогаш нема да ме сака назад“, изјавила претходно актерката и додала дека сепак одлучила да му каже дека го сака.

Тие се венчаа во декември 2016 година, на приватна церемонија во Бајрон Беј.

 

Слични содржини