📷 Зеленски: „Ги носиме нашите луѓе дома“ – 390 украински војници се вратија од заробеништво

од Марта Пешевска
22 прегледи

Украина денес направи важен чекор во напорите за враќање на своите заробени војници. Претседателот Володимир Зеленски потврди дека 390 украински војници, кои беа заробени од руските сили за време на воените дејства, се вратиле дома.

„Ги враќаме нашите луѓе дома. Денес – 390 луѓе. Ви благодарам на сите што неуморно работите, ден и ноќ, за да се овозможи враќањето на нашите граѓани. Секоја личност е важна, секое име го проверуваме внимателно. Продолжуваме со дипломатската работа за да ги направиме овие чекори возможни“, објави Зеленски на својот канал на Телеграм, пренесе украинската новинска агенција УНИАН.

Ова, како што истакна претседателот, е само првата фаза од големата размена на затвореници договорена меѓу украинската и руската делегација. Според договорот постигнат на 16 мај во Истанбул, двете страни се согласија на размена во формат „1000 за 1000“.

Размената се смета за еден од најголемите чекори досега во напорите за деескалација и хуманитарна помош за заробените во конфликтот.

 

Слични содржини