📷Блејк Лајвли не е посакуван придружник: Рајан Рејнолдс снимен на соло состанок

од Vladimir Zorba
29 прегледи

И додека пред неколку месеци беа омилен пар на чии шеги сите се смеевме, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс паднаа во немилост, од која, се чини, тешко ќе се извлечат. Актерката предизвика вистинска бура со конфликтот со нејзиниот колега Џастин Балдони, што резултираше со серија интервјуа во кои се појавува прилично непријатно и нетактично, а поради новонастанатата ситуација ретко ја гледаме.

Неодамнешното соло излегување на Рајан Рејнолдс покажува и дека актерката решила да се повлече и да молчи.

Иако парот вообичаено пристигнува на промоции и гала настани, овој пат не беше така бидејќи актерот пристигна сам на церемонијата на доделување награди на National Board of Review.

Облечен во светло сив костум со контрастни темносиви ревери, Рејнолдс изгледаше елегантно додека се дружеше со колегите кои покажаа дека сепак не е целосно отпишан од Холивуд. Актерот дури имаше чест да им ја врачи наградата на актерите од филмот „Wicked“, а тоа се Аријана Гранде, Итан Слејтер и Синтија Ериво.

Меѓутоа, дека западнале во неволја говори и фактот што актерот и неговата сопруга не се најдоа на списокот за гости на „Златните глобуси“, а не се ни придружија на забавата по доделувањето на наградата.

Слични содржини