Палетата на BMW за новата моделска година го вклучува и родстерот Z4 M40i со шестстепен мануелен менувач, како дел од пакетот Edition Pure Impulse кој вклучува и некои модификации на суспензијата.

Под неговата хауба се наоѓа линиски шестцилиндричен мотор со 340 КС и 500 Nm, доволно за забрзување до 100 km/h за 4,6 секунди.
За овој модел во палетата е додадена и Frozen Deep Green мат бојата, а има и алуминиумски тркала од 19 и 20 инчи.

Во внатрешноста на кабината се наоѓа коженото пакување Vernasca во Коњак боја, со црни М детали.
Заедно со специфично дотераната суспензија, како и рафинирано софтверско дотерување за приспособливите амортизери, управувањето и диференцијалот M Sport, новата комбинација на тркала и гуми е наменета да обезбеди уште поголемо задоволство при возењето.

Според досегашните најави, цената за овој вид Z4 во Германија ќе биде повеќе од 75.000 евра.