Џенифер Лопез неодамна се најде на црвениот тепих на премиерата на нејзината споредна улога во „Unstoppable“.
Лопез на премиерата на филмот, кој го продуцираше нејзиниот наскоро поранешен сопруг Бен Афлек, се појави во провокативен фустан со огромни шлицови на страна, а фановите дури сега забележаа дека таа веќе нема тетоважа посветена на Бен.
Минатата година, на врвот на нивната љубов, Џенифер и Бен направија заеднички тетоважи за Денот на вљубените. Пејачката имаше истетовиран знак за бесконечност на нејзините ребра со стрели со нивните имиња испишани до нив, додека Бен истетовирал вкрстени стрели со нивните иницијали.
Лопез веќе нема тетоважа, но не е познато дали само ја покрила со шминка или ја отстранила со ласер за да ја избрише поранешната љубов.