Irmscher на саемот за тјунери во Есен го покажа Volkswagen ID. Buzz трансформиран во полициско возило, како дел од кампањата „Tune it! Safe“.

Долгогодишна традиција на овој саем е секоја година да се претставува полициско возило, а оваа година таа улога отиде во рацете на електричниот ID. Buzz.

Полицискиот ID. Buzz има полициска графика, дополнителни светла, преден сплитер, нови странични прегради, заден спојлер на покривот и 20-инчни алуминиумски тркала Irmscher, а исто така е понизок за 30 mm.

Автомобилот е направен само за саемот во Есен, а таму ќе може да се види до 10 декември.