По првите најавни слики објавени во октомври минатата година, Manhart Performance официјално ја претстави модифицираната верзија на актуелниот BMW M2 (G87).

Моделот го носи името Manhart MH2 560 и има 3.0 литарски шестцилиндричен TwinPower Turbo мотор засилен од фабричките 460 КС и 550 Nm на 560 КС и 650 Nm вртежен момент (нов турбо комплет, репрограмирана единица ECU…).

Податоци за забрзување до 100 km/h и максимална брзина се уште не се дадени.

Дел од пакетот вклучува аеро-кит од јаглеродни влакна (преден спојлер, странични прегради, заден дифузер, заден спојлер), нови тркала од 21 инчи, спортски издувен систем од нерѓосувачки челик, модифицирана суспензија, засилен систем за сопирање, ознаки на Manhart и тркачки ленти, како и и дотерана внатрешност со карбонски влакна и нови патосници.