📷Mansory Bentley Continental GTC

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Mansory ни покажува уште една модифицирана варијанта на Bentley Continental, тука во Cabrio издание.

Mansory повторно обезбеди рафиниран екстериер, кој вклучува предна решетка, елементи од јаглеродни влакна (преден спојлер, отвори за воздух, сет прагови, заден дифузер, заден спојлер), како и капаци на ретровизорите од јаглеродни влакна.

Исто така, тука се и 22-инчните тркала, нов издувен систем, како и опционални внатрешни украси (кожа, јаглеродни влакна, нови патосници, безбедносни појаси од Mansory…).

Се очекува Mansory подоцна да понуди пакет за надградба на хибридниот погонски склоп, кој стандардно доаѓа со комбинирана моќност од 583 kW/782 КС и 1.000 Nm вртежен момент.