📷Најавен обновениот Volkswagen Golf R

од Vladimir Zorba
896 прегледи

Volkswagen го покажа фејслифтираниот Golf (вклучувајќи го спортскиот Golf GTI) претходно оваа недела, но не објави слики или детали за Golf R.

Обновениот Golf R всушност беше оставен за средината на оваа година, а како најава сега служат фабричките тизер слики од камуфлирано тест возило. Покрај хечбек верзијата, Golf R ќе се нуди и во караван верзија Variant.

Како и стандардните Golf и Golf GTi, Golf R со погон на четири тркала ќе претрпи одредени визуелни промени и модификации во внатрешноста, заедно со подобрените системи за помош на возачот.

Прочитајте повеќе:

Така, Golf R добива модифицирани браници и рафинирани светла, а веројатно и палета на нови бои и алуминиумски тркала.

Освен тоа, Golf R е обезбеден со премиум спортски седишта и спортски волан обложен со кожа, како и повпечатлив аеро-боди кит, изменета суспензија, посилни сопирачки и спортски издувен систем.

Овде треба да се потсети дека во внатрешноста на обновениот Golf се истакнува враќањето на класичните копчиња на воланот, покрај новиот екран на допир (од 10,4 инчи кај основните верзии и 12,9 инчи кај поскапите модели), заедно со преуредување на графиката и структурата на менито.

Европските модели доаѓаат и со гласовен асистент напојуван од ChatGPT, но технологијата допрва треба да биде потврдена за автомобилите на американскиот пазар.

Засега нема информации за можно засилување на моторот кај Golf R, но треба да се запомни дека Volkswagen минатата година го понуди и Golf R 333 Limited Edition со 333 КС.

Уште порано беше објавено дека GTI и R верзиите на Golf нема да имаат мануелен менувач.

Рајнхолд Ивенц, шефот на Volkswagen R, најавува дека фејслифтираниот Golf R ќе има премиера некаде ова лето.