📷Наоми Кембел во врска со 16-годишен помлад мултимилионер од Саудиска Арабија

од Nikola Popovski
313 прегледи

Наоми Кембел (53) наводно е во врска со филмскиот продуцент Мохамед Ал Турки (37), пренесуваат британските медиуми. Двојката била видена заедно во неколку наврати на различни јавни настани, а последен во серијата биле наградите БАФТА на почетокот на месецов во Лондон.

Познатата 53-годишна манекенка и 16-годишниот помлад мултимилионер од Саудиска Арабија заедно позирале пред фотограферите на црвениот тепих, а „The Sun“ пишува дека останале во друштво цела вечер.

Мохамед и Наоми Кембел се пријатели веќе неколку години, а доказ за тоа е фактот што овој богаташ споделил видео со убавицата на својот Инстаграм профил уште во ноември 2021 година. Веќе во декември истата година заедно се појавиле на црвениот тепих на фестивалот во Џеда, држејќи се за рака. Оттогаш, тие се редовни на многу настани, вклучувајќи го и Канскиот филмски фестивал минатата година, Париската модна недела во 2022 и 2023 година и голем број ексклузивни забави, како што е неодамнешниот роденден на Едвард Енинфул.

Кембел последен пат беше поврзана со раперот Скепта во 2018 година, иако парот не беше премногу транспарентен околу нивната романса. Имаше шпекулации дека таа имала афера со Лиам Пејн од „One Direction“. Таа, исто така, беше поврзана со голем број познати мажи во минатото како Џерард Батлер, Мајк Тајсон, Роберт де Ниро, Диди, рускиот милијардер Владислав Дороњин…

Фото: ABACA / Abaca Press / Profimedia / Profimedia

Слични содржини