📷Нема слика за Велигден со Бастијан: Се огласи Ана Ивановиќ среде обвинувањата за развод

од Nikola Popovski
1,3K прегледи

Се погласни се приказните за разводот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, а последното нешто што долеа масло на огнот беше отсуството на заедничката велигденска честитка, која беше задолжителна во сите претходни години и на профилот на екс-тенисерката и на екс-фудбалерот.

Сепак, Ана сега се огласи на социјалната мрежа Инстаграм каде објави фотографија од украсени јајца со емотивна честитка на англиски и српски јазик.

Недостасуваше фотографијата со Бастијан, што многумина растажи, бидејќи се погласни се шпекулациите дека меѓу нив навистина е готово.

Да потсетиме, странските медиуми шпекулираат за врската на телевизиската водителка Естер Седлачек и Швајнштајгер, особено по наводниот развод на германскиот ас од Ана Ивановиќ… Самите Естер и Швејни дадоа повод за различни коментари бидејќи имаа неколку „контроверзни“ изјави во минатото во телевизиски преноси. Сите веќе добро знаат за поканата на Бастијан до атрактивната водителка да го поминат викендот заедно.

Слични содржини