📷Непрепознатлива: Погледнете како денес изгледа дамата со гулабите од „Сам дома 2“

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Бренда Фрикер, ирска актерка, ја играше дамата со гулабите во популарниот филм „Сам дома 2“ кој беше објавен во 1992 година и сè уште е еден од омилените филмови за време на празниците, повеќе од 30 години подоцна.

Во вториот дел од популарниот филм, момчето Кевин, кое го игра Меколи Калкин, е одвоено од семејството и повторно сам завршува во Њујорк. Во многуте авантури низ кои поминува тогаш, во паркот среќава и една госпоѓа со гулаби, која на почетокот го плаши, но откако ќе ја запознае, се спријателува со неа.

Пред неколку години таа зборуваше за својот живот во емисијата „Томи Тиернан“ и откри дека се борела со депресија.

– Живеев многу тивко, под радарот. Возев мала кола, имав сопствена куќа и тоа беше тоа. Би зборувала со ѕидот, со кучето, би пишувала поезија, би читала книги, би гледала телевизија… Не се разликува од сите други, освен што кога си сам зборуваш со ѕидот малку повеќе од другите луѓе – вели таа, сподели „Мирор“.

Тогаш таа изјави и дека лекарите и препишале „посилни антидепресиви“ само неколку дена пред интервјуто.

Слични содржини