📷Neta EP41

од Vladimir Zorba
800 прегледи

Кинескиот Hozon Auto и неговиот бренд Neta најавуваат нов караван со фабричка ознака EP41.

Досега е објавена една слика од камуфлираното возило, заедно со најавата дека неговата премиера ќе се одржи во април на саемот за автомобили во Пекинг.

Комерцијалното име се уште не е објавено, додека продажбата треба да започне летово.

Hozon Auto планира да го лансира брендот Neta на 50 нови пазари, главно во Југоисточна Азија, Блискиот Исток и Латинска Америка.

Караванот е базиран на седанот Neta S, што значи дека можеме да очекуваме и целосно електрични и plug-in хибридни верзии.

Во тој случај, електричната топ верзија би требало да има два електромотори со вкупно 462 КС и 620 Nm, батерии од 91 kWh и домет од 650 km по циклус CLTC.

Плаг-ин хибридната верзија доаѓа со еден електричен мотор на задната оска (231 КС и 310 Nm), со 1,5-литарски бензински мотор со 116 КС кој работи како генератор.