📷Perodua eMO-II Concept

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Малезискиот производител на автомобили Perodua веќе некое време се подготвува да влезе во сегментот на електрични возила. Така минатата година го претставија концептното возило EMO (Electric Motion Online), додека сега eMO-II Concept ја виде светлината на денот.

Во кратката објава се вели дека каросеријата на овој хечбек од Б-сегментот е изработена од фиберглас, а има и тркала од 19 инчи, камери наместо ретровизори и дводелен панорамски покрив.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h е помеѓу 6 и 7 секунди, додека опсегот со едно полнење на батеријата е од 400 до 410 km.

Веќе е најавено дека серискиот модел ќе ги добие батериите на CATL (околу 50 kWh), а во иднина нивното производство ќе биде локализирано во Малезија.

Серискиот автомобил треба да се појави во продажба на крајот на 2025 година.

Слични содржини