Црниот Cadillac ATS-V, кој го возел американскиот претседател Џо Бајден пред да ја преземе функцијата, е понуден на продажба.
Станува збор за автомобил со 3,6-литарски V6 мотор кој развива 464 КС и вртежен момент од 604 Nm и ја пренесува силата на задните тркала преку осумстепен автоматски менувач, па оваа спортска лимузина може да му конкурира и на М3 на BMW. Освен тоа, не изгледа лошо во црно со кафена кожна внатрешност. Бајден го нарачал автомобилот во 2017 година, а сега тој е на аукција.
Познато е дека Бајден го посети Delaware Cadillac во Вилмингтон во 2017 година и му се допадна ATS-V. Тој во тоа време беше поранешен потпретседател и го смени безбедносното одобрение за да може да вози јавно. До денес автомобилот поминал нешто помалку од 26.000 километри, а повеќето од нив биле „прегазени“ од Бајден до 2020 година.
Овој автомобил не е посебен само поради неговата поврзаност со актуелниот претседател. Бајден сакаше Raven Black ATS-V со Kona Brown внатрешност, но Cadillac не ја понуди таа кожа од Kona Brown во врвниот пакет на ATS. Но, со оглед на неговиот статус, желбата му се исполни, така што всушност станува збор за уникатна копија на моделот ATS-V.
Бандажите доаѓаат од CT4-V Blackwing. Напред има маска Renick Performance, задниот дел има додатоци за браникот, а стаклата се затемнети.
Овој Cadillac е опремен и со луксузни и со пакети за опрема за безбедност.
Пет дена пред крајот на аукцијата, највисоката понуда за автомобилот е 38.000 долари.