Малку се знае за Северна Кореја, освен фактот дека во редовни интервали режимот се фали со лансирање на некоја нова ракета и дека војската на земјата ќе учествува во војната на Русија во Украина, во која веќе загинаа стотици илјади луѓе. Уште помалку се знае за автомобилите, а голема непозната е и автомобилската индустрија. Во основа, се смета дека работи со кинески делови што се склопуваат некаде во Кореја. Некои автомобили се увезуваат и од „омразениот“ Запад.
Сега, меѓутоа, Северна Кореја најави дека ќе произведе модерно електрично возило. Како е тоа можно? Државната пропаганда може се да прикаже како победа на сопствената „интелигенција“ и индустрија. Земјата никогаш не развила сериозен автомобил, а погледнете го ова…
Madusan EV е елегантен седан со четири врати што посетителите, наводно, можат да го погледнат во Изложбениот центар за електрични возила Мадусан на улицата Хвасонг во Пјонгјанг. Брз е, удобен и може да се пофали со домет од 720 километри.
Но, не требаше многу време за да се препознаат контурите на друго возило зад заматеното лого и обликот на возилото прикажани во официјалното видео на производителот/земјата. Имено, Madusan EV е всушност кинески BYD Han, кој во најдобар случај не може да надмине 720 km туку околу 540 km.
Понатамошните истражувања открија дека Економската федерација Мадусан, севернокорејска надворешна трговска организација, е основана во 2018 година. Таа е вклучена во управување со енергија и ресурси, производство на паметни телефони и други слични активности, според The Korea Herald.
Па така, автомобилите се увезени од Кина.