За време на студентската блокада во Белград на 16 јануари, една од присутните девојки беше повредена кога автомобил ја прегази и ја однесе на покривот.
Таа извесно време беше на покривот на возилото, по што падна и се повреди, а возачот на автомобилот побегна без да застане.
Веднаш беше пренесена во итната медицинска помош и и биле констатирани повреди опасни по живот.
Потоа беше пуштена на домашно лекување, а сега студентката Соња Поњавиќ им се придружи на колегите кои пешачат кон Крагуевац каде на 15 февруари ќе се одржи голем протест.
Возачот на автомобилот е осомничен за обид за убиство.
Hej!
Znate onu gomilu studenata što ide gromko smelo u Kragujevac?
E pa došla je jedna munjica da izgazi par km sa njima. The Sonja! pic.twitter.com/otdvOWlRVv— GRUPAGRUPA (@GRUPAGROUP) February 13, 2025