208
Германскиот Heico Sportiv ја прошири својата палета на производи за електричниот Volvo EX30.
Пред се, во понудата е аеро-боди кит (преден спојлер, комплет прагови, заден дифузер), како и комплет нови пружини, па автомобилот е понизок за 30 mm.
На клиентите им се нудат и два комплети тркала од 21 инчи. Првиот сет се вика Heico Volution X, а вториот се вика Heico Volution V.
На крајот, има разделувачи од 10 или 15 mm.
Heico Sportiv наведува дека сите делови ќе бидат достапни од јуни оваа година.