📷Закерберг постави огромна скулптура на неговата сопруга во дворот

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Марк Закерберг направи статуа на неговата сопруга Присила Чан и ја постави во нивниот двор.

„Ја враќам римската традиција на правење скулптури на сопруги“, напиша тој покрај фотографијата на Присила како пие кафе покрај скулптурата што ја прикажува како ангел.

Зад делото стои уметникот Даниел Аршам.

Романтичниот потег на Марк не остана незабележан на социјалните мрежи. „Штотуку ни ја кренавте границата на сите“, „Види го Марк, стар лисец“, „Каков романтик“, пишуваат луѓето во коментарите.

Присила и Марк се заедно повеќе од 20 години, а во брак повеќе од 10, а заедно имаат три ќерки кои, интересно, носат имиња инспирирани од антички Рим – Максима, Август и Аурелија. „Се сретнавме на прошталната забава што моите пријатели ми ја организираа на факултет кога помислија дека ќе ме исфрлат“, откри еднаш основачот на Фејсбук.

„Ја викнав да излеземе, но ѝ реков дека ќе мораме да го направиме тоа наскоро бидејќи можеби ќе ми останат само уште неколку дена во кампусот. Подоцна го отворив Фејсбук, се венчавме и сега имаме три прекрасни ќерки“, додаде тој.

Присила по професија е доктор, а парот заедно се занимава со филантропска работа.

Слични содржини