📷🎥BMW Vision Neue Klasse X и официјално

од Vladimir Zorba
351 прегледи

BMW и официјално го претстави својот нов концепт автомобил Vision Neue Klasse X, чии први слики се појавија пред неколку дена.

Во BMW буквата X се користи за моделите SAV (Sports Activity Vehicle), па веќе беше јасно дека BMW Vision Neue Klasse X ќе биде најава за идниот електричен SAV (веројатно наследник на BMW iX3).

Производството на првиот Neue Klasse EV ќе започне во 2025 година во Дебрецен, Унгарија, со дополнителни производствени локации во Германија и фабриката BMW Brilliance во Шенјанг, Кина, кои ќе следат во 2026 година.

Овој теренец со нулта емисија ќе ја претстави шестата генерација на системот eDrive на BMW, кој вклучува технологија од 800 волти. Литиум-јонските батерии од следната генерација се очекува да бидат помали и полесни, нудејќи опсег на возење од 800 км.

Во секој случај, изгледот на овој концепт Neue Klasse X го најавува она што можеме да го очекуваме од серискиот автомобил. Neue Klasse X е второто од шесте електрични возила што ќе бидат базирани на платформата Neue Klasse, а сите ќе бидат лансирани помеѓу 2025 и 2027 година.