📷🎥Нова најава за MG3

од Vladimir Zorba
236 прегледи

Уште порано беше потврдено дека третата генерација на MG 3 ќе ја има официјалната премиера на 26 февруари на салонот во Женева, а сега компанијата објави уште неколку скици и слика од внатрешноста на овој новитет.

Освен нов изглед (во согласност со актуелниот дизајнерски јазик на MG), новиот MG 3 носи и поголеми димензии, попространа внатрешност и побогата опрема (вклучувајќи поширок список на безбедносни системи), како и бензински мотор со блага хибридна технологија.

Целосно новиот ентериер треба да го има истиот систем за инфозабава и 10,25-инчен екран на допир како и моделите MG4 и MG5.

Некои извори споменуваат и хибридна верзија, која би комбинирала 1,5-литарски бензински мотор и електричен мотор. Во тој случај, хибридниот MG 3 би требало да биде поевтина алтернатива на хибридните варијанти на Yaris на Toyota и Clio на Renault на европскиот пазар.

Слични содржини