📸 Баржа сруши мост во Кина, автомобили и автобус паднале во водата

од Stefanija Kuzmanovska
565 прегледи

Две лица загинаа откако баржа удри во мост на воден пат во делтата на реката Перл во близина на градот Гуангжу во Кина. Ударот предизвикал уривање на дел од мостот, од кој автомобили паднале во реката, јавија кинеските државни медиуми, пренесува „Асошиејтед прес“.

Администрацијата за поморска безбедност во Гуангжу на својот профил на социјалните мрежи соопшти дека баржата патувала од градот Фошан до јужната област Гуангжу.

Од мостот излегле четири возила и електричен мотоцикл. Две возила, меѓу кои и автобус, паднале во водата, а три други возила завршиле на баржата, соопшти CCTV.

Градските власти испратија спасувачки персонал на местото на настанот, вклучително и шест нуркачи и чамци за спасување, објавија локалните медиуми.

Властите ги истражуваат причините за несреќата, а информациите за жртвите се уште се проверуваат, се вели во соопштението на поморската управа на Гуангжу.

Локалните власти за медиумите изјавиле дека жителите во близина се евакуирани и дека сопственикот на пловилото е приведен.

Слични содржини