Елен Деџенерис на својот Инстаграм профил сподели емотивна објава посветена на својата сопруга, актерката Портија Де Роси, која го прослави својот 51-ви роденден.
Преку својот Инстаграм профил, Елен сподели фотографија на која сопругата позира покрај коњ, јавно ѝ го честита 51-виот роденден и ја истакна нејзината голема љубов кон коњите.
„Среќен роденден на мојата убава сопруга. Ти си најдоброто нешто што ми се случило. Ти си подарок и јас сум ти благодарна секој ден. Многу сум среќна што ме сакаш исто колку што сакаш коњи“, навела Елен.
Неколку дена претходно, Портија преку видео ѝ го честиташе 66-от роденден на Елен. Во својата честитка, Портија истакна дека Елен и понатаму е извор на нејзино восхитување и инспирација и ја нарече најсилната, најслатката и најбрилијантната личност која ја познава.
Меѓу честитките на социјалните мрежи се издвои порака од нивната блиска пријателка, ријалити ѕвездата Крис Џенер.
Инаку, Елен Деџенерис и Портија Де Роси се запознале во 2001 година, но почнале да излегуваат дури во 2004 година. Тие се верија во 2008 година и се венчаа само три месеци подоцна на интимна церемонија во нивниот дом во Лос Анџелес.