Познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ (36) моментално се наоѓа во Марбела, Шпанија, каде папарацо фотографите го „уловиле“ на тренинг. Како и секогаш, тенисерот напорно тренира за да остане во топ форма, но освен врвната игра, тоа е видливо и кога е неговата фигура во прашање!
Новак беше фотографиран од фотографите во моментот кога ја соблекол маицата и ја покажал својата виткост и мускули, на кои би можеле да му позавидат и 10 години помладите момци од него.
Секако, освен на тренинзите, Новак тоа го должи и на здравиот начин на живот и исхрана, а и тој и неговата сопруга Јелена зборуваа за принципите на исхрана и за намирниците кои засекогаш ги отфрлиле, вклучително и глутенот и шеќерот.
Новак еднаш откри какви пијалоци пие „на празен стомак“, кои му ја дава потребната енергија кога треба да тренира.
„Кога ќе станам од кревет, пијам топла вода со лимон. Потоа пијам сок од целер на празен стомак, а потоа правам пауза и пијам смути, зелено смути со различни алги, овошје и суперхрана, што ми помага да останам ментално бистар и да се чувствувам добро. Јадам и многу овошје и салати, а не сакам да јадам храна која бара многу енергија за варење, особено во првиот дел од денот кога ми е потребна енергија за тренинзите“, истакна Новак своевремено.