245
Кејт Бланшет секогаш привлекува внимание со својот моден избор – без разлика дали позира во екстравагантна вечерна креација на црвениот тепих пред престижно доделување на награди или избира едноставни парчиња за секојдневни активности.
Австралиската актерка отсекогаш изгледала елегантно и женствено. Таа не бега од експериментирање со ткаенини, конструкции и модни стилови за да ја истакне својата личност.
Кејт привлече внимание и на неодамна одржаната проекција на Sophie’s Choice во Музејот на модерна уметност во Њујорк.
Таа за оваа пригода избра интересен тексас костум во сива боја – составен од долго сако и фармерки.