📸 Линдзи Лохан прошета на црвениот тепих во необична креација

од Stefanija Kuzmanovska
342 прегледи

Линдзи Лохан се прослави со улогата во филмот Mean Girls во 2004 година, а сега според оваа приказна е снимен и мјузикл.

Иако извесно време ја немавме видено во јавноста, Линдзи се појави изненадно на премиерата на овој мјузикл и привлече големо внимание во необичен фустан кој беше исечен во пределот на половината и имаше сребрени детали.

Таа беше видно расположена и позираше покрај другите ѕвезди од стариот филм.

„Филмот го помина тестот на времето. Се чувствувам благодарно. Мислам, не се случува често филмовите да го извлечат ова. Mean Girls ја отвори вратата за многу други работи кои се случуваат во училиштата. Мислам дека тоа е навистина забавен филм“, изјави Линдзи за Entertainment Tonight.

Линдзи и нејзиниот сопруг Бадер Шамас минатата година добија син, на кого му го дадоа името Луаи. Бебето е родено во Дубаи, каде живее парот.

Слични содржини