📸 Никол Кидман ги загрижи блиските поради наглото губење тежина: „Кит гледа како таа исчезнува“

од Stefanija Kuzmanovska
392 прегледи

Семејството и пријателите на актерката Никол Кидман се сè позагрижени за нејзиното здравје поради нејзината екстремна ослабеност. Секогаш витката 56-годишна Австралијка ослабела дури 10 килограми во последните неколку месеци, пренесуваат американските медиуми. За нејзината претерано слаба фигура почна нашироко да се зборува на почетокот на ноември кога Никол присуствуваше на годишните награди на кантри музичката асоцијација во Нешвил со нејзиниот сопруг Кит Урбан.

Фустанот на брендот „Коперни“ од нивната најнова колекција инспириран од музички инструменти, црно парче со длабоко деколте и откриена средина, покажа колку навистина е слаба актерката. Оттогаш не престануваат шпекулациите за нарушувањето во исхраната и озборувањата за причините за дополнителното слабеење.

Radar Online сега ги цитираше зборовите на една „загрижен пријател на актерката“ која навела дека Кидман е исклучително слаба, толку многу што можете да ѝ ги „броите коските“.

„Секоја коска ѝ се гледа, а рацете и нозете ѝ се толку тенки што делува како слаб ветер да може да ги скрши како гранче“, рекол пријателот. Додал дека ослабела толку многу што изгледа дека треба да биде хоспитализирана.

Сигурни извори на кои се повикуваат различни медиуми тврдат дека Кидман одлучила да ослабе уште неколку килограми иако отсекогаш била на работ на здрава тежина, поради страв од конкуренцијата на помладите колешки како Џенифер Лоренс и Маргот Роби.

„Стравува дека нејзиното време поминало. Таа е убедена дека колку е послаба, толку подобро ќе изгледа. Кит е вознемирен. Гледа како таа исчезнува. Тој се обидел да ѝ каже дека мора да внимава повеќе на своето здравје, но таа не го слуша“, додава изворот.

Иако гласините не исчезнуваат, актерката и нејзиниот ПР тим сè уште не се огласиле на темата.

Слични содржини