Пејачката Данијела Мартиновиќ ужива во новата љубов со полицискиот инспектор Јосип Плавиќ, а колку се среќни деновиве можевме да видиме и на социјалните мрежи.
Имено, Данијела и Јосип биле гости на прослава во Брежице, Словенија, на која присуствувала и водителката Мирна Марас, која дел од атмосферата ја сподели во стории на својот Инстаграм профил. Екипата добро се забавуваше, а 52-годишната Данијела и 49-годишниот Јосип ја задржаа својата насмевка на лицата и особено се воодушевија од тортата со свеќички која била изненадување за нив.
Врската на Јосип и Данијела стана позната на почетокот на оваа година. Јосип е криминалистички инспектор, а се запознале кога Данијела поднела пријава за кражба на идентитет преку Интернет.
Пред него таа беше во долгогодишна врска со Петар Грашо, но ретко ги споделуваше нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи, а откако раскинаа ги избриша сите.