Актерката Сидни Свини беше забележана со Парис Хилтон на фестивалот „Stagecoach“, откако ја откажа свадбата со филмскиот продуцент Џонатан Давин, објави „Пејџ Сикс“.
Актерката, која ја нарекуваат најсексипилната жена денес, изгледаше расположена додека позираше со моделот. Свини носеше краток, бел комбинезон со отворени рамена, кој го надополни со беж корсет и беж чизми, додека Хилтон носеше розов комбинезон украсен со кристали, во комбинација со чизми, ѓердан и голема тока на ременот.
Sydney Sweeney and Paris Hilton 😍 pic.twitter.com/Oolb80am73
— DAILY CELEBZ (@beautifulcelebz) April 27, 2025
Дуото позираше и со пејачката Лизо и познатата тетка на Парис, актерката Кајл Ричардс.
Да потсетиме, на почетокот на март Свини ја откажа претстојната свадба со Давин, со кого наводно останала во добри односи, со оглед на тоа што беа снимени како ручаат заедно во Лос Анџелес претходно овој месец.
Актерката тивко се раздели од својот долгогодишен партнер во јануари, главно поради, како што напишавме претходно, нејзината кариера и зафатениот работен распоред.
„Таа не е подготвена да се смири. Траеја толку долго само затоа што ѝ беше тешко да раскине. Не раскинаа затоа што немаше љубов, туку затоа што сега сака да се фокусира само на кариерата“, тврди изворот.
Актерката почна да се забавува со Давин во 2018 година, а се верија четири години подоцна. Двојката поголемиот дел од својата врска го криеше од јавноста, но гласините за раскинување почнаа да се појавуваат во февруари откако беше откриено дека Свини ја одложила нивната свадба.
Подоцна се откри дека таа живеела одвоено од Давин.