📸 Се омажи една од најубавите жени на светот

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Поранешната Мис Универзум, Оливија Кулпо се омажи за ѕвездата на НФЛ – Кристијан МекКафри.

Венчавката се одржа во „Вач хил“, а Оливија избра венчаница Dolce&Gabbana. Фотографии од неверојатната венчаница објави „Вог“.

„Кога размислувам за Кристијан и за тоа што му се допаѓа и за моментите кога мисли дека сум најубава, тоа е апсолутно во вакво нешто: безвременско, покриено и елегантно. Сакав да се чувствувам едноставно и како да ми дава комплименти, а не надмоќно. Имам многу убавина и едноставност“, рече Оливија за венчаницата.

Двојката е во врска од 2019 година, а се верија во февруари минатата година. Веридбата се обидоа да ја задржат во тајност.

„Се обидовме да го премолчиме ова што е можно подолго, но вестите брзо се шират. Се мажам за мојот најдобар пријател“, напиша тогаш Оливија на Инстаграм.

Инаку, Оливија пред пет години беше прогласена за најубава жена на светот од страна на магазинот Maxim. Таа е една од најпознатите модни инфлуенсери на Инстаграм, а нејзиниот профил има над 5,5 милиони следбеници. Таа се натпреваруваше и на бројни избори за убавина.

По победата на изборот за Мис на Род Ајленд во САД, таа беше крунисана за Мис на САД, а потоа и за Мис Универзум во 2012 година.

Слични содржини