📸 Северина во општинскиот суд пристигна во придружба на својата адвокатка

од Radmila Tasevska
313 прегледи

Северина Вучковиќ утрово пристигна во Општинскиот суд во Загреб. Пејачката пристигна во придружба на нејзината адвокатка Јасминка Билош, пренесе Стандард лајф. 

Таа пристигна на рочиштето под обвинение дека ја прогонува Гордана Буљан Фландер, поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на деца и млади во градот Загреб, и дека испратила навредливи пораки до директорката на училиштето на нејзиниот син, Љиљана Клингер.

Таа, меѓу другото, директорката ја нарече ибаба со криви нозе.

Да потсетиме, пред неколку дена беше објавено дека Врховниот суд ја поништил второстепената пресуда од 2021 годинаспоред која Северина го делела старателството над синот со поранешниот партнер Милан Поповиќ. Судот ја укина пресудата поради, како што нагласи Северина, процедурална грешка.

Слични содржини