Ени Најт (26) од Австралија се огласи во јавноста откако неодамна сподели дека за само една година спиела со 300 луѓе. Таа извесно време живееше на таа слава, но неодамна „потонала“ затоа што нејзината жива сексуална природа скапо ја чинела. Имено, Ени навела дека маж со кој редовно се гледала престанал да контактира со неа кога го прочитал сето тоа во медиумите, пишува NY Post.
„Еден од мажите со кои излегував почесто ме остави откако ги виде сите тие написи за мене“, призна Ени во видео на Инстаграм. „Претпоставувам дека тој не знаеше дека имам повеќе партнери“.
Таа инсистираше на тоа дека отсекогаш била „искрена“ за својот сексуален живот, но рече дека не ги споделувала валканите детали за ниту еден од нејзините партнери, освен ако тие конкретно не го побарале тоа.
„Тој беше прилично добро момче. Имав подобро мислење за него, но не сакам ништо да имам со некој кој ќе ме осудува“, додала Ени.
Коментарите на нејзините следбеници на Инстаграм беа прилично осудувачки, а повеќето беа на страната на момчето.
„Секоја чест за тој човек што има самопочит“, гласеше еден од коментарте.
Сепак, изгледа дека на Ени не ѝ пречат нејзините „хејтери“ и се чини дека ужива во медиумското внимание што го привлекоа нејзините лудории. Таа првпат проговори за 300 луѓе со кои спиела во 365 дена во интервју за подкастот The Kyle and Jackie O Show. Рекла дека понекогаш имала и по пет партнери во еден ден.
„После тоа се чувствував моќна. Сексот ме прави да се чувствувам добро“, навела Ени.
Таа спие и со мажи и со жени, а за радио програмата изјавила дека запознала многу нејзини сексуални партнери на апликации за запознавање. Сепак, ја спомена и својата листа на „редовни“. Ени – која е наречена „сексуално најактивната жена во Австралија“ – додаде дека ништо не е надвор од границите кога станува збор за експериментирање во спалната соба, велејќи: „Подготвена сум да пробам било што“.