Дуа Липа ги изненади обожавателите со селфи по пет коктели на новогодишната ноќ, изгледајќи опуштено во пењоар.
Нејзиното весело расположение се чини дека го одразува успехот што пејачката го постигна во 2023 година, кога стана најплатената британска пејачка, оставајќи ја Адел зад себе.
„Дали уште некој го прави ова по 5 коктели? Среќна Нова 2024 година!“, напишала пејачката.
Размачкана шминка, кармин на усните, малку изгубен поглед… Се чини дека забавата била успешна.
Веднаш по објавувањето на фотографиите, обожавателите брзо се огласија со коментари, изразувајќи го своето задоволство од отворениот пристап на Дуа.