Бен Афлек и Џенифер Лопез официјално ја ставија својата куќа на Беверли Хилс на продажба.
Нивната палата излезе на пазарот вчера, речиси еден месец откако извор изјави за магазинот People дека Афлек и Џеј Ло сакаат да го продадат имотот.
Парот, кој е во брак од 2022 година, го купи имотот во мај 2023 година за 60,8 милиони долари. Домот со 12 спални соби и 24 бањи, според огласот, неодамна е реновиран според највисоките стандарди за квалитет. Содржи бар, теретана, спортски салон, боксерски ринг, терени за кошарка итн.
Имотот има и гостински пентхаус од 456 метри квадратни, двособна куќа за обезбедување и гаража за 12 автомобили. Има и дополнителен паркинг простор кој може да собере 80 возила. Вилата сега се продава за 68 милиони долари.
Познатиот агент за недвижности Џош Алтман, кој не е вклучен во продажбата на домот, откри со што обично се соочуваат славните кога продаваат домови. „Секогаш има луѓе кои се преправаат дека се потенцијални купувачи само затоа што се возбудени да обиколат куќа на позната личност“, вели тој.
„Моја претпоставка е дека пристапот до замокот на Афлек и Лопез ќе биде ограничен. Луѓето ќе мора да докажат дека се квалификувани да ја купат куќата и да покажат доказ за финансиски средства пред да им биде дозволен пристап за гледање“, додаде Џош.
Афлек веќе се исели од скапата палата. „Бен живее во изнајмена куќа во Брентвуд. Таму е веќе околу два месеци. Добро му оди. Секој ден е во својата канцеларија и е фокусиран на работата. Исто така, поминува време со своите деца“, рекол изворот.
Светските медиуми веќе некое време пишуваат за наводниот развод на славниот пар. Сомнежите се засилија откако се дозна дека Бен и Џенифер ја продаваат вилата, но се уште не се огласија официјално по прашањето.