Додека тениската ѕвезда Ана Ивановиќ и пензионираниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер цврсто кријат сè, најновите слики од нивниот одмор предизвикаа гласини за распад на бракот. Многумина забележаа дека нешто недостасува на фотографиите.
Ана Ивановиќ се врати од својот одмор, кој го поминува со своето семејство, со мајка си и децата. Таа се насмевна широко и се пофали со објавата на која позира во розово бикини на песочна плажа.
„Резиме на викендот – Денови на плажа со деца и пријатели“, напиша таа кратко, а она што веднаш се забележува е дека не носи венчален прстен на фотографиите, што за многумина беше очигледен знак дека нејзиниот деветгодишен брак со поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, со кого има три деца, е завршен.
„Без прстен?“, „Мислам дека ова е дефинитивна потврда“, мислат нејзините следбеници.
Веќе два месеци се појавуваат информации дека славниот пар поминува низ брачна криза, а ваквите објави на социјалните мрежи дополнително ги поттикнуваат сомнежите. Швајнштајгер наводно го поминува поголемиот дел од времето во Минхен. Неодамна бил виден на плажа на Мајорка со новата, русокоса девојка по име Силвија и наводно веќе се иселил од семејниот дом, додека Ана е во Белград со нивните три сина, Лука (7), Леон (4) и Тео (1).