📸Антонела му го честиташе роденденот на Меси, фотографијата ја „лајкнале“ над 2 милиони луѓе

од Vladimir Zorba
397 прегледи

Познатиот фудбалер Лионел Меси вчера го прослави својот 37 роденден, а неговата сопруга Антонела Рокуцо објави заедничка семејна фотографија по тој повод.

„Среќен роденден, љубов моја. Те сакам бескрајно“, напиша таа покрај фотографијата на која таа и нејзините деца позираат во елегантни комбинации, што им се допадна на повеќе од 2,2 милиони луѓе за еден ден.

Парот се запознал кога фудбалерот имал само пет години, а врската ја започнале во средно училиште. Нивниот прв син Тиаго се роди во 2012 година.

Три години подоцна се роди нивниот втор син Матео, додека нивниот трет син Сира се роди во 2018 година.

Антонела и Меси се венчаа во 2017 година во родното Росарио, Аргентина, на приватна церемонија далеку од очите на јавноста.

Слични содржини