Бред Пит и Том Круз се појавија заедно на црвениот тепих во Лондон вчера за да присуствуваат на премиерата на филмот „Ф1“, во кој Пит игра главна улога.
Пит му пријде на Круз да го поздрави и го прегрна цврсто пред да позира пред фотографите. Нивната срдечна средба ги воодушеви присутните обожаватели, како и медиумите, а многумина коментираа дека вака изгледа пријателство кое трае со години.
За оваа пригода, Пит (61) носеше зелено дворедно одело и светло портокалови очила за сонце, заедно со нова фризура која претходно ги воодушеви обожавателите. Од друга страна, Круз (62) носеше темно сиво одело и препознатливи авијатичарски очила.
Патем, Бред Пит и Том Круз глумеа заедно во филмот „Интервју со вампирот“ во режија на Нил Џордан, кој беше објавен во 1994 година.
Иако тој филм е единствениот пат кога соработувале на екранот, двете ѕвезди имаат неколку заеднички редовни соработници. „Формула 1“ е режиран од Џозеф Косински, а продуциран од Џери Брукхајмер, истиот тим зад хитот на Круз од 2022 година „Топ Ган: Маверик“.
„Одлично е да се види Бред како вози. Тој е многу добар возач. Верувајте ми, се тркав со него. Кога го снимавме „Интервју со вампирот“, одевме на трки со картинг. Буквално завршувавме и одевме на трки со картинг цела ноќ“, рече Круз во април оваа година.
За потсетување, тркачката драма од Формула 1 ќе се прикажува во кината на 27 јуни.