📸Chevrolet Corvette Z06 GT3.R за трки за издржливост

од Vladimir Zorba
328 прегледи

Chevrolet Corvette Z06 GT3.R е подготвен за новоформираната класа GT3, која од следната сезона ќе биде присутна во северноамериканскиот шампионат IMSA и Светскиот шампионат во издржливост (WEC – World Endurance Championship).

Chevroletобјави дека по повеќе од две децении во трките на издржливост, повеќе нема да има фабрички тим кој досега учествувал зад името Corvette Racing, но тоа не значи дека жолтите корвети повеќе нема да бидат во шарено друштво на GТ автомобили кои ќе се натпреваруваат и во следната сезона во два респектабилни шампионати за трки на издржливост.

Изградени според спецификациите за новоформираната класа LMGT3 на FIA, која ќе продолжи од следната сезона каде што застанаа болидите LM GTE на крајот од оваа сезона, двата Corvette Z06 GT3.R во северноамериканскиот шампионат IMSA ќе бидат во боја на тимот на Pratt Miller Motorsport кој нема да остане без поддршката на Chevrolet.

Премиерната изведба е закажана за 27 јануари, кога се вози првата трка од шампионатот IMSA 24 Hours of Daytona, каде меѓу многуте GT3 автомобили ќе се најде и Mustang на Ford, а претходно беше откриено дека Z06 GT3.R е придвижуван од рафинирана верзија на громогласниот 5,5 литарски V8 мотор кој во шампионатот FIA WEC ќе развие до 600 коњски сили.

Ќе биде интересно да се види стартната листа на класата LMGT3 за 92-то издание на легендарниот 24 часа Ле Ман, кој ќе започне на 15 јуни, а како што сега стојат работите, два GТ3 автомобили од Ferrari, Porsche, Aston Martin, BMW, Lamborghini, McLaren, Ford, Chevrolet.

Слични содржини