Иако сака да носи фармерки и патики приватно, кога станува збор за јавни настапи, актерката Сара Полсон секогаш успева да изгледа оригинално и „шик“. Нејзината исклучително едноставна елеганција со модерен подтон и овојпат дојде до израз.
Жената зад нејзиниот спектакуларен стајлинг е Карла Велч, која е прогласена за најдобра холивудска стилистка во 2017 година, а таа е заслужна за нејзиното ново свечено издание, создадено за премиерата на драмата „Appropriate“, цитира Стандард лајф.

За својот славен клиент, таа избра фустан од претстојната колекција на францускиот дизајнер Александар Вотие. Нагласените детали за рамениците, заедно со V-деколтето и струкот здебелен со појас даваа вибрации од 80-тите, додека асиметричниот крој на долниот дел даваше воодушевувачки фактор, исто како и златното ланче.
Како и фустанот, така и крупното златно сјајно ѓерданче со блескави детали на реси е потпишан од Vauthier и според неговата идеја, Велч и Полсон ја завршија оваа креација со модел на сјајни црни чизми со потпетици.