Во четвртокот, во Рим се случи сцена што малкумина ја очекуваа, објавува „Дејли меил“. Имено, меѓу толпата што го чекаше објавувањето на новиот папа, се појави никој друг освен Хари Стајлс, една од најголемите поп-ѕвезди на денешницата.
Трикратниот добитник на Греми награда, 31-годишниот британски музичар, ненаметливо стоеше во публиката кога папата Лав XIV го одржа својот прв јавен говор како поглавар на Католичката црква.
Стајлс вешто вклопен во обичниот свет – сива капа со натпис „Техно е моето момче“, црни очила за сонце и сино палто. Нема ни трага од егото на ѕвездата, иако станува збор за човек чие богатство се проценува на 140 милиони долари.
Harry Styles spotted in Rome for the new Pope announcement. pic.twitter.com/LqERgA7FNL
— Pop Crave (@PopCrave) May 8, 2025
Британскиот пејач беше сведок на историски момент – прогласувањето на првиот американски папа во историјата, по конклавата што траеше два дена.
Социјалните медиуми набрзо експлодираа – обожавателите споделуваа фотографии и коментари во неверица, воодушевени што го најдоа Стајлс токму таму, меѓу „обичните луѓе“.
Еден корисник на платформата X напиша: „Хари Стајлс е таков лик – денес е на Греми наградите, утре трча маратон во Јапонија… а потоа, ете го, во Рим, го чека Папата. Го обожавам.“
Друг се пошегува: „Не можам да верувам – ова е првиот ден на новиот папа на работа, а тој веќе го видел Хари Стајлс. Којзнае што го чека.“