Брендот Jetour (дел од кинеската компанија Chery) продолжува да ја шири својата нова Shanhai линија на електрифицирани модели.
Наскоро својата премиера ќе ја има Jetour Shanhai L9, кој, сепак, е само редизајниран Jetour X90 и кој овде доби модифициран преден дел (светла, маска и браник).

Должината на моделот Jetour Shanhai L9 е 4862 mm, ширина 1925 mm, висина 1784 mm и меѓуоскино растојание 2850 mm.
Сликите од внатрешноста се уште не се објавени, а се најавува дека кросоверот ќе има и верзија со седум седишта.

Хибридниот погонски систем комбинира 1,5-литарски бензински турбо мотор со 156 КС и електричен мотор, а има и батерии од 19,43 kWh. Ќе може да се вози и само во електричен режим, кога ќе може да се помине 84 километри.
Официјалната премиера е закажана за 14 ноември.