231
Дева Касел, постарата ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел, исто како и нејзините познати родители, се одлучи за светот на шоубизот и полека гради кариера, а благодарение на нејзината убавина и хармонична фигура веќе се испроба и како модел.
Бринетата негува младешки релаксиран моден стил, па ја пратеа многу погледи во кул пролетна комбинација која вклучуваше клучно парче од преодниот временски период – кабаница на „Бурбери“ со ефективен „преголем“ крој.
Убавата Дева лежерниот стајлинг го заокружи со тренди широки панталони, кроп топ кој го откри нејзиниот тенок струк и беж Uggs чевли.
Едвај видлива шминка и лежерна фризура одлично се вклопија во ова урбано шик издание на младата убавица која годинава ќе наполни 20 години.