📸Кралицата на уличната мода ги носи „најгрдите“ влечки и во исто време изгледа шик

од Radmila Tasevska
336 прегледи

Кејти Холмс, која со причина ја нарекуваат „кралица на уличната мода“, додава жива нота на зимската мода која зрачи со стил и боја среде студените улици на Њујорк, пренесе Стандард лајф.

Актерката уште еднаш го покажува својот препознатлив стил и во студените месеци, а овој пат изборот падна на впечатлива комбинација составена од основни парчиња комплетирани со тренди аксесоари.

Кејти Холмс
Кејти Холмс

Класичните фармерки ги искомбинирала со капут во жива црвеникава нијанса, нафрлила волнена капа и на крајот сè заокружила со папучите „Birkenstock Boston“ во зимска верзија со крзно и успеала да изгледа шик, но и да докаже дека никогаш не се откажува од удобноста.

Слични содржини